Медиумот на Островот, посебно оние кои повеќе ги следат случувањата во Манчестер Јунајтед констатно пишуваат за незадоволство на Пол Погба.
Сега манчестерскиот „Evening news“ објави дека Французинот на своите соиграчи и пријатели им соопштил дека донел конечна одлука да го напушти Манчестер Јунајтед и дека тоа нема да се промени.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Погба оваа сезона за Јунајтед настапи само на шест натпревари, а најголема причина за тоа се двете одвоени повреди на зглобот поради кои го нема на теренот уште од декември. Извори блиски на Французинот тврдат дека тој повеќе со главата не е во клубот.
Погба во јуни изрази желба за нов предизвик, неговиот агент Мино Раиола тврдеше дека трансферот е во процес, но на крајот до реализација не дојде. Минатото лето Јунајтед за Погба бараше 180 милиони фунти (околу 210 милиони евра), меѓутоа тој влезе во последните 18 месеци од договорот.
„Црвените ѓаволи“ имаат можност да го врзат во клубот до 2022 година, но повредите драстично ја намалуваат неговата вредност.
Кога во прашање е неговиот клуб, Погба и понатаму се поврзува со Јувентус кој во меѓувреме се ослободи од Емре Чан во средниот ред.