Дома Фудбал Италија Медиумите во Италија најавуваат: Наредната сезона во Серија А ќе гледаме „братски дуел“!

Медиумите во Италија најавуваат: Наредната сезона во Серија А ќе гледаме „братски дуел“!

Неизевсно за кој натпревар се работи, но голема е веројатноста следната сезона во Серија А да гледаме „братски дуел“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за браќата Инзаги! Симоне со голем успех го води Лацио оваа сезона, а во Серија А наредната сезона би можел да му се придружи и неговиот познат брат Пипо.

Пипо Инзаги првата тренерска работа ја имаше во Милан, но беше неуспешна, па брзо заработи отказ. По отказот, доби шанса во третолигашот Венеција со која избори промоција, но го освои и третолигашкиот куп.

Солидно играат во Серија Б, се наоѓаат на позицијата која води во баражот. Тимот на Инзаги заедно со Палермо прими најмал број на голови. Не се ефикасни, но тешко губат натпревари, ќе видиме дали можат да стигнат до елитата.

Сепак веројатноста Пипо да го гледаме во Серија А е голема. Имено, според „Газета дело Спорт“ тој има понуди од прволигашите Сасуоло и Каљари, па на Инзаги останува да избере на која клупа ќе седи наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Натпреварот со Аргентина донесе очекуван потег: ФИФА под огромен притисок, Египет се жали

Страстите не стивнуваат по вчерашниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство п…