Дома Останати Медведев: Го уништивте сонот на едно дете, не знам дали во иднина ќе играм на гренд-слем турнирите

Медведев: Го уништивте сонот на едно дете, не знам дали во иднина ќе играм на гренд-слем турнирите

Рускиот тенисер Данил Медведев загуби во финалето на Австалија Опен од Рафа Надал, но се бореше и против публиката во Мелбурн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Публиката на АО очигледно беше против него во текот на целиот турнир, а особено тоа беше приметливо во финалето на „Род Лејвер“ Арената.

Во обраќањето после турнирот, Медведев истакна дека навивачите секогаш се против руските тенисери и дека во иднина ќе размисли дали ќе игра на гренд-слем тирунирите.

„Ова е приказна за момче што престана да сонува за големи работи во тенисот. Кога бев дете, на ТВ ги гледав гренд слем турнирите. Играа најголемите ѕвезди, навивачите ги поддржуваа. Сонував да бидам таму.  Детето престана на сонува. Доколку има некој турнир во Москва во време кога се играат Ролан Гарос и Вимлбдон, тогаш ќе играм токму во Москва“.

„Од сега ќе играм само за себе, за своето семејство, за да заработам. На едно дете му беше уништен сонот. Пред да почне Рафа да сервира, еден навивач вика: Ајде Данил, а илјада луѓе го замолчуваат. Мислам дека по 30. година нема да играм тенис“, истакна Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Кирјос суспендиран, бил позитивен на кокаин!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос речиси да не играше од 2022 година, но покрај сè повремен…