Дома Фудбал Репрезентации Мегваер убеден: Можеме да го освоиме Светското првенство

Мегваер убеден: Можеме да го освоиме Светското првенство

Фудбалерот од одбраната на Англија и член на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер смета дека неговата репрезентација може да го освои Светското првенство.

Англија во четвртфиналето ја очекува најтешкиот испит досега на Мундијалот. Англичаните ќе се соочат со актуелните светски шампион Франција, а победникот од тој дуел ќе оди на Португалија – Мароко.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мегваер смета дека победничкиот менталитет е нешто што по што овој тим на „Гордиот Албион“ се разликува од оној пред четири години во Русија.

„Победничкиот менталитет е она по што се разликува оваа Англија од онаа од пред четири години. Веруваме дека можеме до трофејот, убедени сме во тоа. Секако дека ќе биде тешко затоа што има силни селекции, но ние веруваме“, изјави Мегваер.

Мегваер е ден од најкритикуваните фудбалери во светот, но тој не чита што се пишува.

„Не читам што се пишува за мене, полн сум со самодоверба. Моето семејство следи можеби повеќе од мене. Постојано им зборувам дека не треба да следат толку што се пишува на социјалните мрежи, таму има многу глупости. Имам 29 години, капитен сум на Манчестер Јунајтед и имам 52 настапи за Англија што значи дека го живеам мојот сон, го правам она што секогаш сум сакал“, потенцираше дефанзивецот.

Англија својот натпревар од четвртфиналето го игра в сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…