Дома Фудбал Останато Мегваер: Се надевам дека атмосферата во Белград нема да биде како во Софија

Мегваер: Се надевам дека атмосферата во Белград нема да биде како во Софија

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец Хари Мегваер повторно доаѓа на Балканот после непријатното искуство во Софија.

Во Бугарија англиската репрезентација беше мета на расистички напади, што предизвика голем скандал, па Мегваер се надева дека во Белград нема атносферата да биде слична.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вечерва Манчестер Јунајтед му гостува на Партизан во третото коло од Лига Европа.

„Атмосферата во Софија беше одвратна, не сакам да бидам повторно дел од такво нешто. Сигурни сме дека во Белград атмосферата ќе биде одлична, таква која ќе не направи среќни да играме“, истакна Мегваер.

„Ако нешто слично се случи ќе го следиме предвидениот протокол. Сигурен сум дека ќе има луѓе, како на теренот, така надвор од него, кои ќе ги направат работите околу расизмот подобри во иднина“, додаде дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…