Дома Топ вести Мбапе ја одби понудата од ПСЖ да стане најплатен фудбалер во светот

Мбапе ја одби понудата од ПСЖ да стане најплатен фудбалер во светот

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе одбил астрономска понуда од клубот за да го продолжи договорот до 2024 година, пренесува „Паризиен“.

ПСЖ не жали пари за да го задржи и му понудиле да биде најплатен фудбалер во светот, односно 45 милиони евра по сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со новиот договор Мбапе ќе заработува повеќе од другите две ѕвезди во тимот, Лео Меси и Нејмар, меѓутоа тој експресно ја одбил понудата.

Мбапе е јасен дека нема да го продолжува договорот со „светците“ и дека негова голема желба е да се пресели во Реал Мадрид.

ПСЖ ги одби сите понуди од „кралскиот“ клуб, последната од 220 милиони евра, па Мбапе е лут поради развојот на ситуацијата.

Мбапе цврст во намерата да се пресели во Мадрид, па одбил дури и да стане најплатен фудбалер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…