Дома Трансфер зона „Мбапе се кае, ако тој би се прашувал уште веднаш би заминал од ПСЖ“

„Мбапе се кае, ако тој би се прашувал уште веднаш би заминал од ПСЖ“

Како што се наближува летниот преоден рок така се погласни се шпекулациите за иднината на Килијан Мбапе, а на оваа тема пишуваше и новинарот Еду Агире во емисијата „Ел Чирингуито“.

Напаѓачот на ПСЖ одново е во центарот на вниманието откако жестоко распали по ПСЖ поради тоа што клубот користел негов видео материјал со цел да промовира продажба на билети.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еду Агире во емисијата објави дека Французинот сака да си замине и ако зависи само од него уште веднаш би го направил тоа.

„Мбапе ги известил неговите блиски соработници дека ако се зависи само од него ќе си заминее уште веднаш. Подолго време жали и се кае за потпишаниот договор во мај минатата година. Но, тој има договор со важност најмалку до 2024 година и сега ПСЖ треба да му даде дозвола“, пишува Агире.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Страшна трагедија: Фудбалер пред натпревар во ЛШ дознал дека му починал синот

Фудбалерот на Јанг Бојс, Мешак Елија, доживеа страшна трагедија пред натпреварот од Лигата…