Сагата околу иднината на Килијан Мбапе е главна тема, откако Французинот го извести ПСЖ дека нема нарема да го продолжи договорот.
Мбапе влегува во последната година од договорот, па поради тоа ПСЖ сака да го продаде ова лето за да не го загуби без обештетување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Токму тоа е планот на Мбапе, следното лето како слободен агент да се пресели во Реал и да добие бонус од 100 милиони евра при потписот на договорот, како што беше договорено минатото лето.
Поради тоа, Мбапе бара од ПСЖ да му биде исплатен договорот до крајот, односно да добие 150 милиони евра за да се пресели во Реал Мадрид ова лето.
Катарците не сакаат да бидат условувани и се спремни да слушнат понуди за да го продадат ова лето.