Младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе за француските медиуми зборуваше за противникот во ЛШ Реал Мадрид и за првата ѕвезда на „кралевите“ Кристиано Роналдо.
Мбапе смета дека Кристиано Роналдо не е во криза, но се надевам дека нема да блесно во дуелот против ПСЖ во Лигата на шампиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Роналдо не е во криза. Ако тоа се нарекува криза, тогаш многу други фудбалери се во криза. Тој е фантастичен фудбалер, а ние е надеаме дека нема да блесне против нас и дека ќе биде мирен“.
„Ние добро ќе се подготвиме за тој натпревар и ќе обрнеме внимание на сите нивни квалитети. Роналдо е само една од многуте оружја на Реал“, смета Мбапе.
Првиот дуел помеѓу Реал и ПСЖ на „Сантиаго Бернабеу“ на програмата е на 14-ти февруари.
Ronaldo's decline? Mbappe isn't seeing it pic.twitter.com/ircbFdgThV
— Goal (@goal) February 7, 2018