Килијан Мбапе минатото лето потпиша нов договор со ПСЖ на три сезони, но само неколку месеци подоцна почнаа шпекулациите дека не е задоволен во клубот.
Мбапе поставил три услови кои треба да бидат исполнети за да остане во парискиот клуб подолг период.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
24-годишниот Французин сака раководството да го продаде Нејмар. Клубот и минатото лето се обиде да го продаде Бразилецот за да го задоволи Мбапе, но не можеше да најде потенцијален купувач.
Исто така, Мбапе не е задоволен од тренерот Кристоф Галтие и јасно му порачал на раководството на тимот да му даде отказ на лето и потоа да го ангажира Зинедин Зидан.
Третиот услов за раководството е да пронајдат замена за Нејмар, односно врвен централен напаѓач.