Познатиот холивудски актер и режисер Виго Мортенсен како голем фан на Реал Мадрид и пред се фудбалски љубител зборуваше за Килијан Мбапе и смета дека од фудбалски аспект, Французинот и не е толку потребен на Реал Мадрид.
Тој смета дека тука во прашање е егото на Флорентино Перез, а смета дека времето кога требало Мбапе да дојде е пред две години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Се работи за егото на претседателот Флорентино Перез. Мислам дека го имаме она што ни треба со Белингем и Родриго, Мбапе не е потребен. Требаше да дојде во Реал Мадрид пред две години. Сега е доцна”, анализира Данас, најпознат по неговата улога како Арагорн во добро познатата и сакана трилогија „Господарот на прстените“.
Трансферот на Мбапе е скоро завршена за работа и секое останато сценарио би било изненадување, ПСЖ веќе работи на неговата замена, а тоа би можел да биде Луис Дијаз од Ливерпул, меѓутоа тука се прашува и Ливерпул.