Многу навивачите на Реал Мадрид го гледаат Килијан Мбапе како нов “галактикос“, кој после ужасната сезона на Кралевите може да ги врати на врвот.
Французинот одамна е желба на Флорентино Перез, а тоа ќе остане и во наредниот период. Во изјава после победата над Монако, Мбапе рече дека ќе остане во ПСЖ и во Мадрид може да замине само како некој обожавател.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Останувам во ПСЖ, се приклучив на тој проект. Среќен сум што Зизу се врати во Реал, но таму можам да отидам само како обожавател.“ – изјави Мбапе за Канал+.
Пред месец дена Франс Фудбал објави дека Реал Мадрид ќе понуди за Мбапе 280 милиони евра, а клуч на трансферот би можел да биде Зидан кој го посакува уште од летото 2017. година кога напаѓачот експлодираше во Монако.
Мбапе на крајот заврши во ПСЖ. Платен е 170 милиони евра, а потпиша договор до 2022. година.