Дома Фудбал Мбапе нема да смее да игра на Европското првенство со новата маска

Мбапе нема да смее да игра на Европското првенство со новата маска

Килијан Мбапе заработи скршеница на носот во натпреварот од првото коло помеѓу Франција и Австрија, а освен победата добра вест за неговата репрезентација е што нема да мора да оди на операција.

Остатокот од првенството Мбапе ќе го игра со маска, но тоа најверојатно нема да биде шарена во боите на Франција со каква што беше снимен на тренингот на Французите.

Имено, според членот 42 од правилникот на УЕФА лекарската опрема коај играчот ја носи на теренот мора да биде еднобојна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем и Њукасл го следат Де Винтер, но Милан ги држи картите

Белгискиот дефанзивец е на радарот на неколку премиерлигаши, но договорот до 2030 година и…