Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе зборуваше за својата иднина пред медиумите.
Мбапе е во цетарот на вниманието откако со писмо го извести ПСЖ дека не планира да го продолжи договорот, кој му истекува следното лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во моментов имам само една опција, да останам во ПСЖ. Планирам да бидам таму кога ќе започне сезоната. Не знаев дека едно писмо може да убие некого. Тоа беше само писмо, не ме интересираат реакциите“, изјави Мбапе.
„Нема што да објаснувам за мојата одлука. Јас знам зошто го правам тоа што го правам, а луѓето нека зборуваат. Луѓето едностано не ги знаат сите детали“, додаде Мбапе.