Дома Фудбал Останато Мбапе мистериозен: На еден или друг начин ќе се случи тоа што треба да се случи

Мбапе мистериозен: На еден или друг начин ќе се случи тоа што треба да се случи

ПСЖ сезонава не успеа да го освои француското првенство, доминацијата на „светците“ ја прекина Лил.

Тимот кој сега го предводи Маурисио Покетино се сметаше за фаворит за одбраната на титулата, но на крајот тоа не се случи. Ваквиот неуспех може да биде причина за желба на Килијан Мбапе да ја промени средината и во неговата последна изјава не може да се каже дека потврдува останување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сите знаат што ме врзува за ПСЖ. Секогаш сум бил благодарен на претседателот и тренерите. Тоа што јас го сакам се победите. Сакам околу мене да постои солиден проект, живеам за фудбалот и спортскиот проект за мене е нешто клучно“.

Потврди дека во овие моменти преговара со ПСЖ.

„Во преговори сум со ПСЖ, ќе видиме што ќе се случи. Во секој случај задоволен сум од она што ми се случуваше тука во последните четири години. Со клубот бев многу јасен. Тие знаат каков однос имкам со клубот, градот и државата. Ќе се случи што ќе се случи, на еден или друг начин“, остана мистериозен Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…