Дома Топ вести Мбапе и ПСЖ имаат џентлменски договор

Мбапе и ПСЖ имаат џентлменски договор

Иднината на Килијан Мбапе ова лето ќе биде главна тема во медиумите бидејќи Французинот влегува во последната година од договорот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мбапе на лето влегува во последната година од договорот и ги одби сите понуди од ПСЖ за продолжување на соработката.

Француските медиуми шпекулираат дека Мбапе веќе има договор со Реал Мадрид и поради тоа не сака да стави потпис на нов договор со ПСЖ.

Сега се појавија нови имформации кои тврдат дека Французинот има џентлменски договор со „светците“ и ќе чека до 1-ви август да види како ПСЖ ќе работи на трансфер пазарот.

Доколку ПСЖ биде активен и донесе нови големи ѕвезди, тогаш Мбапе ќе се согласи да стави потпис на нов договор.

Доколку не се случи тоа, ПСЖ ќе се согласи да го продаде Мбапе во Реал Мадрид на крајот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…