Дома Фудбал Мбапе: Имам многу проблеми, но тренерот не е еден од нив

Мбапе: Имам многу проблеми, но тренерот не е еден од нив

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави дека нема проблем со тренерот на клубот од Париз, Луис Енрике, пренесува „Би-Би-Си“.

ПСЖ вчера славеше на гости против Реал Сосиедад со 1:2 во рамките од реванш натпреварот во осминафиналето од Лигата на шампионите и така обезбеди место во четвртфиналето.

Два гола на овој натпревар постигна Килијан Мбапе кој првпат одигра 90 минути од 14-ти февруари. Многумина помалата минутажа на Мбапе ја поврзуваа со неговото заминвуање во Реал Мадрид.

„Секогаш сакам да играм во Лигата на шампионите, тоа е важно натпреварување. Никогаш не би можел да бидам играч кој се крие. Мојот однос со него е добар. Нема проблеми, иако луѓето мислам дека ги има. Имам многу проблеми, но тренерот не е еден од нив“, изјави Мбапе.

Сезонава Мбапе одигра 34 натпревари и постигна 34 гола за ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…