Дома Фудбал Мбапе задоцни на натпреварот поради Ел Класико

Мбапе задоцни на натпреварот поради Ел Класико

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе задоцни на натпреварот во неделата против Марсеј, поради што тренерот Томас Тухел го казни и го остави на клупата за резерви.

Мбапе не се појави на време на последниот техничко-тактички состанок пред натпреварот кој бил закажан за 17 часот, четири часа пред почетокот на големото дерби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањата на француските и шпанските медиуми, Мбапе задоцнил бидејќи не можел да се одвои од телевизорот. Гледал Ел Класико, а токму во 17 часот заврши првото полувреме.

Мбапе не е единствениот кој задоцнил на состанокот, со оглед што друштво му правел соиграчот Рабиот. Тухел и него го остави на клупата поради истите причини.

И двајцата фудбалери добија шанса во вториот дел, а Мбапе се истакна со прекрасен погодок кој го постигна само три минути по влегувањето во игра. ПСЖ славеше со 2:0 и остана на првото место со максимални 33 бода од 11 натрпевари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Салах е најсебичниот играч кој некогаш сум го видел“

Во натпреварите кои се последни за Клоп на клупата на Ливерпул, германскиот стратег влезе …