Дома Трансфер зона Мбапе го руши рекордот на Нејмар и станува најскапиот играч на сите времиња!?

Мбапе го руши рекордот на Нејмар и станува најскапиот играч на сите времиња!?

neymar mbape

Францускиот првак за услугите на Нејмар во летниот преоден рок во 2017. година исплати на Барселона неверојатни 222. милиони евра и за сега тоа е апсолутен рекорд кога се трансферите во прашање.

Сепак, овој рекорд би можел да биде срушен уште ова лето. Новиот најскап фудбалер многу лесно може да стане негвиот соиграч од ПСЖ, Килијан Мбапе, за кој Реал Мадрид наводно е спремен да издвои 300 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред мадридскиот клуб се големи промени. Година без трофеј сосема сигурно ќе значи голем влог наредното лето, а иако Нејмар беше прва желба, претседателот Флорентино Перез сега се свртува кон Мбапе.

Шпанските медиуми тврдат дека Перез е спремен да плати 300 милиони евра. Па така, актуелниот рекорд ќе биде “дебело“ надминат и Французинот би бил најскапиот играч на сите времиња.

Флорентино Перез се чини дека ќе остане на функцијата. После елиминацијата во ЛШ од Ајакс и лошите игри во Ла Лига, навивачите бараа негова оставка, но тоа сигурно нема да се случи.

Уште неколку фудбалери се поврзуваат со Реал. Покрај Мбапе, долгогодишна желба на Перез е и Еден Азар, а а во последно време го посакува и Хари Кејн.

Сепак, пред се Реал мора да го реши прашањето со новиот тренер. Она што е сигурно е дека Солари нема да остане на клупата, а се споменува и заминување на неколку фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…