Дома Фудбал Останато Мбапе го откри неговиот најтежок противник во 2018 година

Мбапе го откри неговиот најтежок противник во 2018 година

mbappe

На церемонијата во Париз, Килијан Мбапе беше избран за најдобар млад фудбалер и ја доби првата награда КОПА која „Франс Фудбал“ ја доделува од оваа година.

Денес „Франс Фудбал“ го објави и интервјуто кое го даде за реномираниот медиум.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Мбапе беше фантастичен на Мундијалот каде што одигра важна улога во освојувањето на трофејот на Франција, а токму на ова натпреварување Мбапе се соочил со неговиот најтежок противник во 2018 година.

Како што откри самот фудбалер, за најтежок противник Мбапе го смета Еден Азар.

„Азар е фудбалерот кој најмногу ме импресионираше оваа година, беше навистина тешко да се игра против него. Одигра импресивен натпревар кога игравме против неговата Белгија во полуфиналето. Кога бев блиску до него секогаш ме изненадуваше со брзината и брзото размислување. Има одличен преглед на теренот и во секој момент го избираше најдоброто решение“, откри Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…