Во вчерашниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен кој Французите го добија со 0:2 стрелец на еден од погодоците беше Килијан Мбапе.
Вториот погодок на ПСЖ беше дело на Мбапе, а со тој Французинот се изедначи со легендарниот Бразилец Роналдо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Мбапе голот против Манчестер Јунајтед беше 14-ти во ова натпреварување со што се изедначи со Роналдо. Супер талентираниот Французин до ова достигнување стигна со 24 одиграни натпревари во дресот на Монако и ПСЖ (две ипол сезони).
https://www.youtube.com/watch?v=TqIeaG-c5ek
Од друга страна на Роналдо му беа потребни 40 натпревари и шест сезони во најелитното европско натпреварување, една со Интер и пет со Реал Мадрид.
Податокот за Мбапе значи дека постигнува погодок на секои 129 минути во ЛШ и ако продолжи со такво темпо, па дури и да е нешто послабо во следните години дефинитивно ќе продолжи да испишува нови страници.
Најефикасни стрелци во Лигата на шампионите засега се Кристиано Роналдо кој има 121 погодок на 158 натпревари и Лионел Меси со 106 голови на 129 натпревари.