Дома Фудбал Останато Мбапе: Во репрезентацијата имам поголема слобода отколку во ПСЖ

Мбапе: Во репрезентацијата имам поголема слобода отколку во ПСЖ

Килијан Мбапе одигра одлично за француската репрезентација синоќа на мечот против Австрија.

После мечот Мбапе го пофали селекторот Дидие Дешамп и изјави дека во репрезентацијата има поголема слобода во играта отколку во ПСЖ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мбапе со тоа упати и критики за стратегот на ПСЖ, Кристоф Галтие, за претераната дисциплина во играта што ја бара од него.

„Играм поинаку за Франција во однос на ПСЖ и можам да кажам дека ми е многу полесно кога сум на теренот со репрезентацијата. Го имаме Жиру како класична деветка околу која се гради одбраната, а јас имам слобода и можам да се движам. Тоа воопшто не е случај во ПСЖ, каде што треба да бидам „деветка“ и тоа е тоа. Нема слобода во играта и нема можност за експериментирање во ПСЖ“,  изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…