Од 1 јануари Килијан Мбапе е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а неговата иднина повторно е главна тема.
Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на 30 јуни 2024 година. Тој се уште не го продолжил, а Реал Мадрид наскоро ќе преземе конкретни чекори за негов ангажман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека прва опција за Мбапе е Реал Мадрид и наскоро ќе се интензивираат преговорите со „кралскиот“ клуб.
„Ел Чирингито“ ксклузивно пренесува дека Мбапе веќе резервирал куќа во Мадрид, а тоа е доказ дека Французинот на лето ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.