Дома Топ вести Мајката на Роналдо: Одам во Торино, ќе го убедам да се врати

Мајката на Роналдо: Одам во Торино, ќе го убедам да се врати

Се погласни се шпекулациите дека Кристиано Роналдо ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната, особено ако „бјенконерите“ не изборат пласман во Лигата на шампиони.

Роналдо синоќа го постигна 100. гол во дресот на „старата дама“, а на лето најверојатно ќе го напушти клубот. Португалецот често се поврзува со ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но и Спортинг Лисабон.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Тоа би го сакала и неговата мајка Долорес, кој ќе се обиде да го убеди Роналдо да се врати во Лисабон.

„Утре одам кај него во Торино и ќе го убедам да се врати. Сакам да се врати во клубот“, изјави Долорес за португалските медиуми.

Спортинг Лисабон после подолго време ја освои шампионската титула и наредната година ќе игра во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал со победа против Борусија до 15. титула во ЛШ!

Реал Мадрид е новиот европски шампион. „Кралевите“ вечерва ја оправадаа фаворитската улога…