Килијан Мбапе го потврди своето заминување од ПСЖ и за нештго повеќе од еден месец ќе биде слободен играч во изборот на новата средина. Ако не се случи некој голем пресврт каков што не се очекува, Мбапе ќе стане играч на Реал Мадрид.
Дека работата е веќе завршена потврдува и изјавата на мајката на Мбапе, Фајза Ламари кој е и негов менаџер. На забавата за простување на Мбапе од ПСЖ таа добила прашање за иднината на Килијан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мислам дека сите знаете кој ќе биде неговиот следен клуб“, одговорила Ламари со што веќе станува и повеќе од јасно дека изборот на Мбапе е Реал.
Во редовите на ПСЖ, Мбапе дојде во 2017 година и собра 307 натпревари на кои постиогна 256 гола и стана најдобар стрелец во историјата на клубот од Париз.