Дома Фудбал Англија Машинеријата на Пеп срушена на „Стенфорд Бриџ“, Премиер Лигата има нов лидер! (ВИДЕО)

Машинеријата на Пеп срушена на „Стенфорд Бриџ“, Премиер Лигата има нов лидер! (ВИДЕО)

16-тото коло во Премиер лигата го донесе големото дерби помеѓу Челзи и Манчестер Сити.

На крајот се радуваа избраниците на Маурицио Сари со резултат од 2:0.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Сити доминираше уште од самиот старт. Се редеа прилики пред голот на Аризабалага, но изостануваше реализацијата.

Казната тимот на Пеп го стигна во финишот од полувремето. Педро испрати одлична долга топка која стигна до Азар, а Белгиецот испрати одлична повратна топка која стигна до Канте, Французинот не погреши и испрати силен удар под пречката.

Во второто полувреме гледавме Челзи заигра нешто подобро, но повторно поседот на топка беше на страната на Сити.

Точка на натпреварот стави Давид Луиз во 78-та минута после одлично изведениот корнер на Азар.

Овој пораз на Сити значи и дека Ливерпул го превзема врвот на Премиер лигата после ова коло. Покрај тоа „црвените“ остануваат единствениот непоразен тим помеѓу најсилните на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…