Дома Фудбал Машинеријата на Пеп се уште ја има шампионската форма, Арсенал поразен во дербито

Машинеријата на Пеп се уште ја има шампионската форма, Арсенал поразен во дербито

Денес од 17:00 часот беше одиграно дербито на првото коло во Премиер лигата во кое актери беа тимовите на Арсенал и Манчестер Сити.

Првиот натпревар во Премиер лигата за Емери не помина добро, Арсенал не беше толку лош, но Манчестер Сити ја покажа шампионската форма од минатата сезона и славеше победа со 0:2.

„Граѓаните“ започнаа офанзивно од самиот старт на натпреварот, Стерлинг испраќаше закани од првата минута, а една прилика во 14 минута успеа и да претвори во погодок.

Брзоногиот напаѓач кружеше по работ на шеснаесетникот, дојде до позиција, упати удар и го совлада Петар Чех кој не можеше ништо повеќе да направи со оглед на тоа дека беше покриен.

Арсенал најголемата прилика во првото полувреме ја имаше преку Белерин, но неговиот удар го одбрани Едерсон.

На полувреме се замина со минимална предност за тимот на Гвардиола.

Во вториот дел работите не се променија многу, Сити повторно беше подориот противник. Серхио Агуеро пропушти 100% шанса после грешката на Гендоузи излезе „еден на еден“ со Чех кој успеа да го одбрани неговиот удар.

Сепак, само неколку минути подоцна и Чех беше немоќен.

Бернардо Силва после едно додавање од Менди силно шутираше од непосредна близина и ги постави конечние 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габала на Беќири му го затвори патот до врвот на Карабах

Јетон Беќири ја водеше Габала до реми без голови против Карабах. По првенствената и куп-по…