Дома Фудбал Останато „Матните“ трансфери на Фалкао: Јунајтед лажирал пријателски натпревар, во Атлетико се вистински „штедливци“!

„Матните“ трансфери на Фалкао: Јунајтед лажирал пријателски натпревар, во Атлетико се вистински „штедливци“!

falcao

Во игра како и што навикнавме во фудбалот биле милиони…

„Фудбал Ликс“ и понатаму објавува строго доверливи информации од договорите на фудбалерите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Досега кога во прашање е Манчестер на удар беше само синиот дел, а сега се појавуваат „матни“ работи и за нивниот ривал.

Во Франција тврдат дека Манчестер Јунајтед учествувал во изигрувањето на ФФП (финансискиот фер-плеј) при позајмицата на Фалкао од редовите на Монако. Јунајтед тогаш платил шест милиони и четири милиони кој требало да бидат компезација за пријателски натпревар кој никогаш не се одиграл.

Така „црвените ѓаволи“ избегнале проблеми со правилата на УЕФА ,но ниту Атлетико Мадрид не бил чист бидејќи трансферот на Фалкао (53 милиони евра) го платил во две рати. Првата изнесувала 43, а втората 10 милиони евра.

Причина? Доколку уплата била поголема од 50 милиони евра, Атлетико би требало на неговиот поранешен клуб во Колумбија да исплати сума од 2.5 милиони евра.

Вака клубот Лансеро Бојако морал да се задоволи со два милиони евра…Навистина сумата од 500.000 евра е голема, но кога се работи за фудбалските гиганти во Европа може да се каже дека тоа е ситница, па не е јасно зошто од Атлетико се одлучиле на ваков потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …