Дома Фудбал Англија Матиќ: Солскјер носи одлуки, тој е одговорен ако не победуваме!

Матиќ: Солскјер носи одлуки, тој е одговорен ако не победуваме!

Српскиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ без влакна на јазикот го нападна тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунер Солскјер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Солскјер го исфрли Матиќ од првиот тим и на сите натпревари од почетокот на сезоната е резерва, а Србинот изјави дека ги почитува одлуките на тренерот.

Но исто така потенцираше дека одговорноста на лошите резултати е на адреса на тренерот.

„Тренерот е тој кој го одбира тимот со кој ќе се бори за титулата и ако не победи тој ја сноси одговорноста. Во фудбалот сум долго време, ги играв речиси сите натпревари за сите клубови каде што бев во изминатите 10 години. За јас да играм, некој морал да седи на клупата и да го прифати тој факт, па така и јас сега“, изјави Матиќ.

„Во првите два-три натпревари тој одбра тим без мене. Работам напорно колку што можам. Ја почитувам одлуката, на мене е да му покажам дека погрешил и дека треба да ме врати каде што припаѓам. Нема проблем. Му реков дека не се согласувам со него, но тој треба да го одбере тимот“, додаде Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Имал 20.000 следбеници пред СП, а сега има 28 милиони

Светското првенство може да изнесе херои и да ги промени кариерите преку ноќ, што токму му…