Дома Фудбал Англија Матиќ: Оваа сезона мораме да освоиме барем еден трофеј

Матиќ: Оваа сезона мораме да освоиме барем еден трофеј

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ се надева дека следната сезона за неговиот клуб ќе биде поуспешна од претходната.

Во изјава за клупскиот сајт Матиќ изјави дека клубот мора да освои барем еден трофеј наредната сезона, за разлика од претходната во која не освоија ништо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Оваа сезона мораме да се бориме за секој трофеј и конечно да освоиме нешто затоа што ни е потребен тој еден трофеј. Најважната работа е што се гледа напредок во нашиот тим, играме се подобро и подобро. На секоја позиција имаме два или три големи играчи. Сите мораме да бидеме позитивни, но главната цел е освојување на трофеј“, изјави Матиќ.

На крајот српскиот фудбалер потенцираше и дека од сите трофеи најмногу би му значел оној во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…