Дома Фудбал Матиќ на мета на навивачите: Повторно глумиш жртва, губи се од клубот!

Матиќ на мета на навивачите: Повторно глумиш жртва, губи се од клубот!

Српскиот фудбалер Немања Матиќ повторно е на удар на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Играчот на тимот од Олд Трафорд повторно одлучи на дресот да не го носи цветот мак, односно симболот на настраданите британски војници.

Откако жестоко беше критикуван откако не го стави симболот на натпреварот со Борнмут, сега и во дуелот против Сити се појави без него на дресот.

Тоа ги разлути фановите на Јунајтед кои своето незадоволство го искажаа на социјалните мрежи.

„Повторно глумиш жртва. Ти си срам и губи се од Манчестер и Англија.“ – пишуваше на еден од коментарите.

Матиќ одби да го носи овој симбол бидејќи Велика Британија учествуваше во нападите на Србија во 1999. година, што очигледно ги нема заборавено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не сакал карантин пред мечевите: Бенатија откри како реагирал Алегри

Португалецот побарал помош од Бенатија за да ја избегне ноќта во карантин пред натпреварит…