Дома Фудбал Матијас де Лихт се враќа на теренот

Матијас де Лихт се враќа на теренот

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт се опорави од коронавирусот.

Холандскиот репрезентативец на почетокот од јануари беше позитивен на тестот и мораше да замине во изолација.

За среќа, Ковидот за него е минато. Новите тестови покажаа дека Де Лихт е негативен и се враќа во екипата.

Јувентус денеска го игра натпреварот против Болоња, а холандскиот дефанзивец ќе биде во екипата и натпреварот веројатно ќе го започне од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две победи не ги сокрија слабостите: Леко допрва треба да го среди Динамо

Џерко Леко донесе енергија и резултати, но триумфот во Вараждин покажа дека Динамо сè уште…