Легендата на Баерн Минхен, Лотар Матеус зборуваше за доведувањето на Хари Кејн по поразот во финалето во Суперкупот на Германија од 3:0 против Лајпциг.
Англискиот го одигра последниот половина час од натпреварот, а Матеус сега зборуваше за неговото деби.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Повторно Кејн остана без трофеј. Тухел во 64. минута ја стави во игра својата ѕвезда од 100 милиони евра при резултат 0:2. Мислам дека погреши. Во тој момент никогаш не би го ставил Кејн во игра. По целиот циркус со потпишувањето, требаше да се почека со промоцијата. Евентуално можеше пред натпреварот да се претстави на навивачите и да седне во ложата.
Ваквото деби беше грешка, имаше премногу врева, лет до Минхен, итни лекарски прегледи и потпис среде ноќ. Дефинитивно не беше добро“, изјави Матеус.
На Матеус не му се допаднала и ситуацијата додека се преговараше за трансферот на Кејн.
„Не можам да се сетам кога некој друг клуб на ваков начин направил магаре од Баерн како Тотенхем. Во минатото тоа би изгледало вака: “ Го сакаме вашиот играч, спремни сме да платиме 80 милиони евра. Имате седум дена да ни одговорите“. Ако Баерн не добие одговор секогаш имал опција „Б“. Ова со Кејн траеше предолго, но добро сега е тука, а цената е прифатлива со оглед на бројките кои се вртат денес во фудбалот“; смета германската легенда.