Германската легенда, Лотар Матеус тврди дека Џејдон Санчо ова лето направил грешка кога ја напушти Борусија Дортмунд.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Санчо се пресели во Манчестер Јунајтед во голем трансфер, но негивата кариера на „Олд Трафорд“ не почна на најдобар можен начин и не добива голема минутажа.




Притоа, Санчо поради слабата форма го загуби и местото во репрезентацијата.
„Не знам како Санчо тренира во Манчестер јунајтед, тој треба да работи доста напорно за да направи чекор кон стартниот тим, а засега е далеку од тоа. Кога ќе погледнам колку минути добива оваа сезона, или за какви натпревари се работи кога тој настапува, тогаш сметам дека е грешка, тој можеби сега има повеќе пари, но помалку натпревари“, изјави Матеус.




Санчо во Борусија Дортмунд помина четири години, каде ја доживеа фудбалската афирмација, а во Јунајтед се уште нема гол ниту асистенција.