Роналдо со вчерашниот гол против Сампдорија се најде во центарот на вниманието на медиумите поради неверојатниот скок.
Чуварот на Сампдорија едноставно немаше шанси против Португалецот кој високо се одрази, одлично шутираше со глава и погоди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој гол на Роналдо денес е главна тема во спортските медиуми, а Марко Матераци му честиташе, но и потсети на неговиот гол на Светското првенство во 2006 година.
„Честики летечки ЦР7…Скоро како мене. Комплименти за голот!!“, стои во објавата на Матераци.
Матераци потенцираше дека тој достигнал висина од 2.70, додека Роналдо вчера стигна до 2.56.