Дома Фудбал Марсијал се сели на клупата, се враќа Алексис Санчез

Марсијал се сели на клупата, се враќа Алексис Санчез

Алексис Санчез се опорави и се враќа во составот на Манчестер Јунајтед.

Тимот на Жозе Мурињо вечерва гостува кај Вест Хем, а очекувањата се Чилеанецот да добие место во стартниот тим, најверојатно на местото на Ентони Марсијал кој доби големи критики по очајниот настап против Брајтон.

Санчез би требало да го предводи нападот заедно со Маркус Рашфорд и Џеси Лингард.

Вечерашниот натпревар нема резултатско значење ниту за едните, ниту за другите. Јунајтед е втор на табелата, додека Вест Хем успеа да го обезбеди опстанокот.

Натпреварот стартува во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…