Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус покажува сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Газета дело Спорт“ пренесува дека италијанскиот гигант повторно се насочува кон Антони Марсијал за кого интерес покажуваше и во минатото.




Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа.




Те Хаг одлучи да го задржи, но Марсијал не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.
Јувентус ќе се обиде во јануари да го доведе на позајмица со право на откуп.