Дома Фудбал Англија Марсијал го чека жестока казна во Манчестер Јунајтед

Марсијал го чека жестока казна во Манчестер Јунајтед

Францускиот напаѓач Антони Марсијал се соочува со жестока казна од страна на Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Марсијал ги напушти припремите на Јунајтед во САД за да присуствува на раѓањето на неговото дете, но после тоа не му се приклучи на тимот.

Исто така, 22-годишниот Марсијал воопшто не тренирал во тренинг кампот во Манчестер, а тоа многу го налути менаџерот Жозе Мурињо.

Сега Марсијал се соочува со казна. Наводно клубот решил да го казни со две неделни плати, а тоа во превод значи 180.000 фунти.

Марсијал веќе подолго време се поврзува со заминување од Јунајтед. Самиот фудбалер инсистира да ја промени средината, па со ваквото однесување само сака да го натера раководството да му ја отвори излезната врата.

Мурињо не сакаше многу да зборува за Марсијал. На прашањето дали Французинот ќе биде дел од тимот по враќањето во Манчестер, кратко одговори: „Не знам“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го презем…