Швајцарецот од редовите на Јувентус после седум години наскоро го напушта клубот.
Прашање на време е само дали во јануари или во летниот преоден рок, Стефан Лихштајнер сигурно заминува од Торино. Денес италијанските медиуми пренесуваат дека, француски Марсеј има желба да го доведе фудбалерот на Јувентус и тоа веќе оваа зима.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Лихштајнер истекува на крајот од сезоната и тој не е на листата фудбалери на Јувентус кои настапуваат во Лигата на шампионите.
Нов договор нема да му биде понуден. Според „Ла Стампа“ Марсеј е силно „загреан“ за да го доведе веќе во јануари. Овој десен бек наредниот месец полни 34 години, а во екипата на Јувентус настапува од 2011 година кога пристигна од редовите на Лацио.