Дома Фудбал Марсело удри по навивачите на Реал: Размазени сте, тоа е најголемиот проблем!

Марсело удри по навивачите на Реал: Размазени сте, тоа е најголемиот проблем!

Реал Мадрид вчера уште еднаш ги разочара своите навивачи во „Ел Класико“, бидејќи Барселона во Мадрид славеше со 3:0.

Кралскиот клуб одигра уште еден лош меч поради што сега зад лидерот Барселона заостанува, дури 14 бода. Реал добро играше во првото полувреме, но играта на Кралевите потполно се распадна во продолжението на мечот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона тоа го искористи и рутински дојде до нови три бода и својата трета во низа победа во Мадрид, што се однесува до првенствените „Ел Класика“ во Шпанија. Сепак, Марсело тврди дека ова не е толкав дебакл, и дека најголемиот проблем е што навивачите на Реал се премногу размазени.

„Сме ве размазиле и тоа е најголемиот проблем. Сите мислите дека постојано треба да победуваме. Не сфаќате дека тоа е тешко бидејќи ова е најдобрата лига на светот. Спортот е таков, некогаш добиваш, некогаш губиш“, истакна Марсело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…