Се погласни се шпекулациите дека Марсело на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.
Вчера шпанските медиуми дури излегоа со вест дека Бразилецот ги договорил сите детали со клубот од Торино. Во Јувентус Марсело ќе заработува 12 милиони евра за договор на четири години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Марсело е незадоволен во Реал, тренерот Солари го пресели на клупата и му дава прилика на Регулион. Со тоа само дополнително ја зголеми желбата на Марсело да го напушти „Бернабеу“ на крајот од сезоната.
Сепак ако се суди според објавата на Марсело на неговиот „Инстаграм“ профил, тој не сака да го напушти Реал Мадрид со кого има договор до 2022 година.
„Ова е мојот дом“, пиша Марселона и сподели фотографија од тренинг на Реал Мадрид.
И покрај ваквата објава медиумите не престануваат да го селат Марсело во Јувентус кај неговиот голем пријател Кристиано Роналдо, а доказ за тоа е фактот што „кралевите“ веќе бараат замена за Бразилецот.