Дома Фудбал Италија Марота се огласи: Позната иднината на Лукаку!

Марота се огласи: Позната иднината на Лукаку!

Повеќе нема никакви дилеми, Ромелу Лукаку ќе се врати во Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интер нема да го откупи белгискиот напаѓач, ова го потврди директорот на „нероаѕурите“, Бепе Марота.

„Позајмицата е договорена на уште една сезона и кога оваа ќе се заврши, Лукаку ќе се врати во Челзи. Тој не успеа да ја пронајде најдобрата физичка форма, за да се прикаже во најдобро светло. Лукаку и понатаму не е оној играч кој бевме навикнати да го гледаме“, изјави Марота.

Сезонава, Лукаку одигра само 18 натпревари, постигна пет голови и додаде една асистенција. Имаше проблеми со повредите и никако не успева да ја пронајде вистинската форма.

Останува да се види што со него ќе прави Челзи и дали Грем Потер ќе се обиде да го врати во старата форма затоа што токму во овој момент „деветка“ е она што му недостасува на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…