Бепе Марота и официјално ја презеде фукцијата генерален директор во Интер, па јасно е дека на лето ќе сака значително да го засили тимот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот директор на Јувентус од наредната сезона сака да направи респектабилен тим кој ќе може да се бори за Скудето, а италијанските медиуми ги открија имињата на двете големи мети на Марота.
Прв на списокот желби е Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лациом фудбалер кој е на мета на многу европски гиганти и кој Марота минатото лето сакаше да го донесе во Јувентус.
Србинот оваа сезона не игра на своето ниво, па неговата цена во моментов падна на 80 милиони евра, а Марота веќе работи на трансферот.
Втората голема желба е ѕвездата на Фиорентина и италијански репрезентативец Федерико Киеза. И тој е на мета на најголемите италијански клубови, но медиумите тврдат дека Интер е во предност поради добрите односи на Марота со директорот на „виолетовите“.
https://youtu.be/XBBATCFRVmc