Марсело Брозовиќ пред неколку дена беше запрен на улиците во Милано откако помина на црвено под дејство на алкохол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Брозовиќ му беше одземена возачката дозвола, а во Интер не седеа со скрстени раце и го казнија хрватскиот фудбалер со износ 100.000 евра.
„Потребно е да обрнуваме повеќе внимание на приватните животи на нашите фудбалери“, изјави директорот на „нероаѕурите“ Џузепе Марота и така порача дека Брозовиќ мора да се смири.
Следуваше и одговор од Брозовиќ кој беше типичен балкански.
„Ветувам…само вода“, порача Брозовиќ.