Дома Трансфер зона „Марка“ тврди: Лука Јовиќ е замената за Ибрахимовиќ

„Марка“ тврди: Лука Јовиќ е замената за Ибрахимовиќ

Лука Јовиќ после само една сезона би можел да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Серија А.

Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Ретко добива шанса, а шпански „Дон Балон“ пишува дека е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јовиќ оваа сезона одигра вкупно 24 натпревари и постигна само два гола, и двата во Ла Лига. „Марка“ наведува дека прв во редот заинтересирани за неговите услуги е италијанскиот гигант Милан.

Се очекува Милан да се раздели со Ибрахимовиќ, а прв на листата желби е токму Јовиќ, кој би можел повторно да игра во тандем до Ребиќ.

„Росонерите“ наскоро ќе испратат понуда до Реал Мадрид за едногодишна позајмица на Србинот со можност за откуп наредното лето. Милан ќе се обврзи во целост да ја плаќа неговата плата од 5 милиони евра, пренесува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…