Во Лондон сигурно нема да бидат задоволни, се се случувало пред финалето…
Приказната е потврдена, „Марка“ наводно има докази дека Тиери Азар, таткото на ѕвездата на Челзи само иницирал преговори со Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој преку Зинедин Зидан стапил во контакт со Флорентино Перез и го нудел Еден кој има договор со Челзи со 2020 година.
Наводно тој му дал ветување на Перез дека неговиот син ќе одбие да потпише нов договор и на неговиот сегашен клуб Челзи јасно ќе му стави до знаење дека сака да замине.
Челзи секако доколку сака може да го задржи Азар, но незадоволен играч во тимот секогаш може да биде проблем, а и неговата цена премногу би се намалила.
Да потсетиме и дека самиот Азар неодамна испрати порака до Челзи дека клубот мора да се засилува доколку сакаат да го задржат, во спротивно би заминал.
Сепак, целиот план бил растурен кога Зидан заминал и сега во Реал не се толку заинтересирани за да издвојат сума од скоро 200 милиони евра колку што би требало да платат за Азар.
Новиот стратег на Реал Мадрид според „Марка“ смета дека многу подобро е таа сума да биде вложена во Левандовски, Кејн, па дури и Салах.