Мадридскиот весник „Марка“ пишува дека ниту еден од играчите кои Барселона ги купи летово не успеа да се прилагоди во тимот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот Ернесто Валверде секогаш има проблеми кога прави ротациа во тимот, што е јасен знак дека ниту едно од засилувањата на Барселона не ги оправда очекувањата.
Против Севиља во Суперкупот, Ленгле, Рафиња и Артур добија шанса, но Барселона успеа да победи откако влегоа Кутињо и Ракитиќ.
Потоа и проти Алавеш, Валверде го користеше Сержи Роберто, но повторно мораше Кутињо да ја спасува ситуацијата.
Против Сосиедад, тимот со Рафиња и Роберто губеше, па Валверде мораше да враќа некои од стандардните играчи, а натпреварот го реши Дембеле.
До сега новите засилувањата не функционираат, првите впечатоци не се добри, иако тренерот на Барселона вели дека им е потребно време.