Некои работи полека излегуваат на површина. Што всушност се случило?
Зинедин Зидан од заминување од Реал Мадрид е на одмор со семејството и сигурно дека му е потребен одмор од фудбалот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите тој нема намера да се враќа оваа сезона, а во дел од медиумите се шпекулира дека ќе биде надвор од фудбалот се додека не се ослободи клупата на Јувентус.
Наводно Јувентус му порачал дека тој ќе биде следен тренер, но такво нешто во овој момент не изгледа реално.
„Марка“ сега открива некои детали. Според реномираниот шпански медиум Зидан знаел за ситуацијата околу Роналдо на крајот на сезоната, односно дека Португалецот ќе замине бидејќи Перез нема да му даде покачување.
Се наведува дека му било соопштено дека треба да промени многу работи и да сврти нов лист како одлука на клубот, но Французинот такво нешто не сакал да прифати.
Заминувањето на Роналдо го стави Бејл во центарот на целиот проект, иако имаше најави дека и тој би можел да си замине. Зидан не сакаше да се откаже и од Бензема, а од друга страна не беше баш во најдобри односи со Иско и младите шпански играчи.
Зидан беше поврзан со фудбалерите со кој „газеше“ во Европа и иако ја сфатил намерата на Перез, ја одбил секоја помисла дека тој ќе биде оној ќе прави „револуција“.