Дома Фудбал Марка: Мбапе утрово доби “шамар“ од Перез

Марка: Мбапе утрово доби “шамар“ од Перез

Килијан Мбапе направи земјотрес на фудбалскиот пазар кој се уште не е ни официјално отворен.

Тој одлучи да не ја активира клаузулата за продолжување на договорот за уште една сезона, што значи дека следното лето може да замине како слободен играч.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


ПСЖ нема друг избор освен да го продадат Мбапе веќе ова лето, во спротивно ќе го загубат бесплатно.

Во минатото успеаја некако да го задржат Мбапе уште две сезони, но изгледа и дека на 23-годишниот фудбалер му е доста од случувањата на Паркот на принцовите.

Како што сега стојат работите, катарскиот сон од француската престолнина почнува да се руши како куќа од карти бидејќи Лео Меси веќе си замина, истото го чека Нејмар, а следен е Мбапе.

Сите веруваат дека Мбапе ќе заврши во Реал, но по информацијата дека сака да го напушти ПСЖ доби шлаканица од кралскиот клуб.

Угледната Марка пишува дека ситуацијата на Мбапе во Реал воопшто не ја гледаат како свој проблем и дека немаат интерес да го направат првиот чекор.

Весникот близок до Реал пишува дека Флорентино Перез нема да биде тој што прв ќе направи нешто и дека Мбапе и ПСЖ ќе треба да го направат првиот потег.

Односите меѓу двата клуба се доста ужасни особено по се што се случи минатата година кога Перез понуди 180 милиони за да го доведе Мбапе, но француската суперѕвезда на крајот остана во Париз.

Реал Мадрид веќе ја изгради својата стратегија за летниот преоден рок и веќе го започна трансфер процесот со доаѓањето или враќањето на Фран Гарсија, Брахим Дијаз и Џуд Белингем.

Во најтрофејниот европски клуб му го доделија славниот број 7 на Винисиус, што е јасен знак дека Бразилецот се очекува да биде лидер на теренот, па доведувањето на Мбапе и не е толку потребно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сензација на повидок: Погба се враќа во Англија, познат е неговиот следен клуб!?

Францускиот фудбалер Пол Погба е во центарот на вниманието, откако се појави информација д…