Холандските медиуми објавија дека Лапорта му забранил на Куман да зборува за телевизијата „SBS6“, пренесува „Марка“.
Тренерот на Барселона минатиот петок договорил да гостува во емисијата „HLF8“ која требаше да се снима оваа среда, но Лапорта не дал зелено светло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно Куман бил спремен да гостува и во случај на отказ во Барселона. Тој се наоѓа под голем притисок, многу пишуваа за неговите наследници, но Лапорта го изненадил.
Барселона минатиот викенд изгуби на гости од Атлетико и сега се наоѓа на деветото место во Ла Лига со пет бодови помалку од Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад кои се на врвот на табелата со 17 бода.